Дома
Новости
Документи
Услуги
Вработување
Занимливости
Постави прашање
Блог
Контакт
A
,
A
,
A
Новости
30.07.2010
Слепите лица нема да плаќаат патарина и шест пати годишно ќе можат бесплатно да патуваат низ Македонија
Слепите лица ќе бидат ослободени од плаќање патарина и шест пати во годината ќе можат да вадат бесплатни повратни билети за превоз во внатрешноста.
Ова го предвидуваат најновите измени и дополнувања на законите за јавни патишта и за превоз во патниот сообраќај што ги изготви Министерството за транспорт и врски.
дознај повеќе
23.06.2010
Настава за децата со пречки во развојот
Наставници од одделенска настава од велешките основни училишта почнаа со обука за работа со деца со пречки во развојот.
дознај повеќе
04.06.2010
ОПШТИНА АЕРОДРОМ ОРГАНИЗИРА ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ ЗА ПОМОШ НА ЛИЦАТА СО ИНВАЛИДНОСТ
Општина Аеродром во соработка со Македонската радио телевизија на 8-ми јуни 2010 година (вторник), спроти ТЦ „Бисер“, од 20:00 до 23:00 часот под мотото „БИДИ ЧОВЕК, ПОМОГНИ!“ организира хуманитарен концерт за помош на лицата со хендикеп преку НВО „Полио Плус“.
дознај повеќе
02.06.2010
Компјутери за деца со посебни образовни потреби
Децата со посебни образовни потреби од Велес почнаа да работат на специјализирани компјутери, приспособени за нив.
дознај повеќе
26.05.2010
Дејана со нозе слика како со 10 раце на "Мал битолски Монмартр"
Шеснаесетгодишната Дејана Башко од Бачка Паланка, Србија, која нема горни екстремитети и со нозе ги црта нејзините дела, е учесничка на годинешниот "Мал битолски Монмартр". "Дејана, која со четката и боите се дружи од нејзината деветта година, за првпат доаѓа во Македонија. "Ова е ново искуство за мене. Јас сакам да цртам природа, животни, а сега тука ја цртам старата архитектура.
дознај повеќе
25.05.2010
Пуштени во употреба пристапни рампи за лица со хендикеп
Заменик-министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, Градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, и претседателот на невладината организација за подигање на јавната свест за правата на лицата со хендикеп „Полио плус“, Звонко Шаврески, пред основното училиште „Блаже Конески“ во Општина Аеродром свечено ја пуштија во употреба пристапната рампа за инвалидизирани лица, како дел од проектот пристапни рампи во сите основни училишта
дознај повеќе
13.05.2010
Здружението на телесните инвалиди за општините Дебар и Центар Жупа организираше трибина со наслов: „Положбата на лицата со телесна инвалидност на пазарот на трудот“
Законските решенија за вработување лица со инвалидитет се одлични, но постојат низа злоупотреби во примената, беше истакнато на трибината „Положбата на лицата со телесна инвалидност на пазарот на трудот“, што се одржа во Дебар
дознај повеќе
09.04.2010
Нова програма за поддршка на учениците со хендикеп
Здружението на граѓани „Отворете ги прозорците“ во наредните две години ќе ја спроведува програмата „Еднаков пристап за еднакви можности“, поддржана од УСАИД. Оваа програма ќе го промовира користењето на асистивната технологија со што ќе се подобри квалитетот на наставата на учениците со хендикеп во редовните училишта.
дознај повеќе
29.03.2010
ПОЧНА ИЗГРАДБА НА ПРИСТАПНИ РАМПИ ЗА ЛИЦА СО ИНВАЛИДНОСТ ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ
Градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, заменик-министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски и претседателот на невладината организација за подигање на јавната свест за правата на лицата со хендикеп „Полио плус“, Звонко Шаврески, денеска, 28.3.2010 година, пред основното училиште „Љубен Лапе“ во Општина Аеродром го означија официјалниот почеток на изградба на пристапни рампи за инвалидизирани лица кон јавните институции во Општина Аеродром.
дознај повеќе
Предходни
1
2
3
Следни