Со Законот за вработување на инвалидни лица се уредуваат посебните услови за вработување и работење на инвалидни лица: кога самостојно вршат дејност како трговец поединец, кај работодавец или има својство на работодавец, во државната администрација, единиците на локалната самоуправа, јавните претпријатија, установи, агенции и фондови и други државни институции како и условите за основање и погодностите за работење на трговското друштво за вработување на инвалидни лица - заштитно друштво
Мерки за подобрување на условите за вработување и работење на инвалидно лице се:
- доделување на неповратни средства за вработување на неопределено време на невработено инвалидно лице, адаптација на работното место на кое ќе работи инвалидното лице доколку таа е потребна и набавка на опрема според критериумите и на начин утврден со акт на министерот за труд и социјална политика
- ослободување од даноци и обезбедување на средства за придонеси и
- финансиска поддршка во работењето.
Согласно заклучоците од педесет и третата тематска седница на Владата на Република Македонија од 23.02.2009 година, сите министри, заменици министри, државни секретари, директори на јавни претпријатија, агенции и фондови во 2009 година треба да реализираат по најмалку три вработувања на лица со инвалидност.