Федерацијата за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија – Македонски параолимписки комитет по добивањето на барањето од Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија ја предложи листата на 13 млади спортисти, кандидати за стекнување на спортска стипендија за категоријата “Млад спортист-спортска надеж” за 2009 година. Стипендистите во следните 10 месеци на своите лични трансакциски сметки ќе добиваат спортска стипендија во висина од 20% од просечната плата во Македонија, наменета за подобрување на нивните спортски перформанси. Со ова продолжува успешната соработката на ФСРИМ-МПК со највисоката државна институција од областа на спортот, Агенцијата за млади и спорт.
Предложени спортисти од ФСРИМ-МПК се:
Анита Тони Данева, од Штип, родена 1991, лице со телесен инвалидитет, спорт: стрелаштво и пинг понг, Дарко Чедо Тасковски, од Куманово, роден 1992, лице со телесна инвалидност, спорт: стрелаштво, Димитар Владимир Боцев, од Скопје, роден 1993, лице со телесен инвалидитет, спорт: стрелаштво и пинг понг, Томислав Звонко Китановски, од Скопје, роден 1992, лице со телесна инвалидност, спорт: атлетика и пинг понг, Ангел Урош Џуковски, од Скопје, роден 1998, лице со телесна инвалидност, спорт: стрелаштво, Филип Марија Анастасовски, од Скопје, роден 1996, лице со телесна инвалидност, спорт: пливање, Дарко Зоран Новичиќ, од Охрид, роден 1996, лице со оштетен вид, спорт: атлетика, Кристијан Марјан Лазарев, од Скопје, роден 1995, лице со оштетен вид, спорт: голбал, Иван Александар Ѓорѓиевски, од Скопје, роден 1993, лице со оштетен вид, спорт: атлетика и голбал, Кети Илија Петреска, од Струга, родена 1996, лице со оштетен вид, спорт: атлетика и голбал, Боби Добре Стојчевски, од Битола, роден 1994, лице со оштетен вид, спорт: голбал, Самир Демир Халим, од Скопје, роден 1997, лице со оштетен вид, спорт: голбал, и Драгана Борче Илиевска, од Тетово, родена 1992, лице со оштетен вид, спорт: атлетика.
Младите спортисти со инвалидност се избрани од 17-те општински Сојузи за спорт и рекреација на инвалидите кои ја сочинуваат ФСРИМ-МПК. Истите тренираат во своите матични организации, а дел од нив се членови на голбал екипите и настапуваат на сениорски државни првенства. ФСРИМ-МПК ќе организира натпревар на спортски надежи на 12.09.2009 година. Списокот кој е доставен не е составен како ранг листа согласно вредноста на спортските постигнувања на спортистите, туку имињата на спортистите се напишани согласно видот на инвалидноста (телесни инвалиди, слепи и слабовидни лица).
Од ФСРИМ-МПК,