A , A , A

Ревизија на Националната стратегија за изедначување на правата на лицата со инвалидност

by admin 1/12/2010 5:43:00 AM
Согласно Програмата за работа на Владата на Република Македонија и на Министерството за труд и социјална политика во процес на ревизија е постоечката Национална стратегија за изедначување на правата на лицата со инвалидност која  Владата на Република Македонија ја усвои на 24 декември 2001 година. Но од тогаш до денес во Република Македонија се случија промени и потребни се нови стратегии, согледувања и препораки за понатамошен напредок на пристапот базиран на социјални и човекови права во однос на прашањата за инвалидноста во следниот период. Поради тоа Министерството за труд и социјална политика во соработка со други надлежни министерства и репрезентативни здруженија на лица со инвалидност започна со ревидирање на Националната Стратегија за еднакви можности на лицата со инвалидност.

Ги повикуваме сите заинтересирани граѓани, а особено лицата со инвалидност внимателно да ја погледнат Предлог Стратегијата и доколку имаат свои коментари или сугестии да ги испратат по електронска пошта на адресата: igormackinovski@mtsp.gov.mk, или преку коментари директно на блог секцијата. Сите предлози сериозно ќе бидат земени во предвид при финализирањето на текстот на Стратегијата.

Стратегијата можете да ја преземете тука 

Однапред Ви благодариме за конструктивниот придонес при изработката на овој важен стратешки документ кој ќе биде детерминанта при креирањето на политиките кои ги засегаат лицата со инвалидност.

Тековно оценет 3.3 од 4 посетители

  • Currently 3.25/5 Stars.
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5

Tags:

Стратегии, политики и планови

Стипендии за 15 млади спортисти со инвалидитет

by admin 9/22/2009 10:39:00 AM

Во рамките на одлуката на Владата на Република Македонија за стипендирање на 500 млади и надежни спортисти, ФСРИМ-МПК се избори петнаесет млади спортисти со инвалидност во наредната година да примаат спортска стипендија во износ од 20% од просечната месечна плата во РМ. Со Агенцијата се договоривме во ова прво пријавување на спортски надежи да не бараме посебни критериуми за составување на ранг листа со искажани резултати од нашите кандидати, но за идна година да организираме државен натпревар на спортски надежи после кој ќе ја составиме ранг листата на 15 стипендисти за следната година.

За оваа година, истите ги избравме на начин да бидат застапени спортисти со телесен инвалидитет, со оштетување на вид и едно лице со интелектуална попреченост. Стипендисти на ФСРИМ-МПК се: Анита Тони Данева, родена 06.03.1991, лице со телесен инвалидитет, Софија Горан Антовска, родена на 09.06.1991, лице со телесна инвалидност, Марија Љубе Стојановска, родена на 18.01.1990, лице со телесна инвалидност, Дарко Чедо Тасковски, роден на 17.04.1992, лице со телесна инвалидност, Максим Петар Игнатовски, роден на 03.02.1995, лице со телесна инвалидност, Димитар Летиција Боцев, роден на 16.01.1993, лице со телесен инвалидитет, Томислав Звонко Китановски, роден на 07.07.1992, лице со телесна инвалидност, Ангел Урош Џуковски, роден на 19.03.1998, лице со телесна инвалидност, Дарко Зоран Новичиќ, роден на 19.03.1996, лице со оштетен вид, Едис Елвис Алиевски, роден на 05.05.1995, лице со оштетен вид, Иван Александар Георгиевски, роден на 10.05.1993, лице со оштетен вид, Кристијан Марјан Лазарев, роден 29.04.1995, лице со оштетен вид, Игор Владо Велков, роден на 11.02.1995, лице со оштетен вид, Васко Митко Мишев, роден на 01.08.1991, лице со оштетен вид, Роберт Љупчо Георгиевски, роден 12.02.1995 година, лице со интелектуална попреченост.

Спортистите потпишаа Договори со Агенцијата за млади и спорт на 17.12.2008 година за време на свечената академија која се одржа во просториите на Македонската опера и балет. Убав стимул за младите спортисти за понатамошно посериозно занимавање со спорт. Останува на почетокот на идната година да ги поканиме стипендистите на еднодневно дружење и да ги запознаеме со организираноста на спортот на лицата со инвалидност како на домашно, така и на светско поле.

Од ФСРИМ-МПК,

Тековно оценет 5.0 од 3 посетители

  • Currently 5/5 Stars.
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5

Tags:

Спортски активности

Тројца стрелци освоија 5 медали од кои 4 златни

by admin 9/22/2009 10:31:00 AM

Непосредно по завршувањето на Светскиот Куп во Германија, во Волмеранж ле Мин, Франција од 20-24.05.2009 година се одржа третиот “Гранд Приџ” на Франција во стрелаштво за инвалиди. Нашите параолимпијци и на овој голем спортски настан имаа тријумфален настап со освојување на 5 медали од кои 3 поединечни и 2 екипни.
Во Волмеранж ле Мин настапија преку 130 натпреварувачи од 23 држави, а Република Македонија ја претставуваше “А” репрезентацијата во состав: Бранимир Јовановски - селектор, тренер и стрелец, Ванчо Каранфилов – стрелец, Оливера Наковска-Бикова – стрелец и Далибор Јовановски  - асистент. Тројцата спортисти освоија вкупно пет медали од кои четири златни, успех каков само можеше да се посакува, но во исто време и огромно чувство на тага за откажаното Европско првенство во Полска. Нашите спортисти се во топ форма и да се одржеше првенството сигурно некој од нив веќе во првата олимписка година ќе имаше шанса да освои квота за учество на Параолимписките игри во Лондон 2012. Вака останува да се чека Светското првенство идната година.
Меѓутоа успехот е извонреден и вреди да се напише хронолошки.

Во поединечна конкуренција Оливера Наковска-Бикова повторно се закити со медал и тоа во нејзината дисциплината воздушен пиштол - жени, овојпат во конкуренција на 4 натпреварувачки со истрелани 368 кругови го освои првото место и златниот медал. Во истата дисциплина кај мажите во конкуренција на 36 спортисти, Ванчо Каранфилов со резултат од 551 кругови се пласира на 11-то место, Бранимир Јовановски со резултат од 545 кругови беше 17-ти.

Другите два поединечни медали ги освои нашиот параолимпиец Ванчо Каранфилов. Во дисциплината спорт пиштол со резултат од 563 кругови во конкуренција на 23 натпреварувачи, Ванчо Каранфилов го освои првото место. Во оваа дисциплина Оливера Наковска-Бикова со резултат од 549 кругови се пласира на 6-то место, додека Бранимир Јовановски со резултат од 548 кругови се пласира на 7-то место.

Во дисциплината малокалибарски пиштол слободен избор во конкуренција на 26 натпреварувачи Ванчо Каранфилов со резултат од 610,2 (526) кругови го освои третото место, во финалето стрелаше и Оливера Наковска-Бикова која со 595 (518) кругови го освои 8-то место, додека Бранимир Јовановски со резултат од 490 кругови го освои 16-то место.

Екипно во дисциплината Спорт пиштол со вкупно 1660 кругови репрезентацијата на Македонија во состав Ванчо Каранфилов, Оливера Наковска-Бикова и Бранимир Јовановски го освои првото место, пред репрезентациите на Германија 1630 и Франција 1587 кругови кои се пласираа на второто, односно третото место.

Во дисциплината Малокалибарски пиштол слободен избор, нашата репрезентација во состав Ванчо Каранфилов, Оливера Наковска-Бикова и Бранимир Јовановски го освои првото место со 1534 кругови, втора беше репрезентацијата на Италија со 1510 кругови, додека третото место го освои репрезентацијата на Унгарија со 1506 кругови.

И уште еден податок кој потврдува дека и параолимпијците придонесуваат за афирмација на Република Македонија во светот. Успесите на нашите спортисти, нивната препознатливост и особено двете победи за 7 дена од две меѓународни првенства, придонесоа Оливера Наковска-Бикова да се најде на насловна спортска страна на француски весник. Организаторите ни сочуваа неколку примероци од весниците и ни ги поклонија пред повеќе стрелци на стрелиштето, а по еден примерок од весникот беше ставен во службеното сандаче на секоја репрезентација. Неможам со неколку зборови да ви опишам колку бевме горди во тој миг.

Од ФСРИМ-МПК,

Тековно оценет 5.0 од 2 посетители

  • Currently 5/5 Stars.
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5

Tags:

Спортски активности

Предложени 13 млади спортисти за стекнување на категорија “Млад спортист-спортска надеж”

by admin 9/22/2009 10:24:00 AM
[No text]

Тековно оценет 5.0 од 2 посетители

  • Currently 5/5 Stars.
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5

Tags:

Спортски активности

Вклопување на лицата со дијагностициран аутизам во општеството

by admin 8/22/2009 11:50:00 AM
Бројот од 0.6% заболени лица од аутизам можеби не звучи многу загрижувачки, но како и останатите лица со инвалидност и овие лица се среќаваат со извесни потешкотии, па од таа причина би било можеби корисно да се изнесат некои познати и помалку познати факти во тој контекст.

Лицата со инвалидност се среќаваат во сите возрасни групи и за сите нив е тешко вклопувањето во социјалната средина, но мора да се признае дека соочувањето со овој факт е најкомпицирано кај децата во предучилишна и училишна возраст. Имено аутизмот е заболување кое ја намалува способноста за непречена социјална интеракција и комуникација, намален интерес и повторливо однесување, а се детектира во најраната возраст – првите две години од животот. Многу е важно негово навремено идентификување, со цел поедноставно соочување на детето со средината, но и поедноставен живот за неговата блиска околина.

Важен аспект е социјализацијата на детето во градинките и училиштата која зависи од односот наставник - родител, но оваа комуникација е многу често доведена во прашање заради несвеснста на родителите или недоволната едукација на кадарот. Постојат многу пристапи во олеснувањето на овој однос, меѓу кои и навремено известување на наставникот и на целокупниот кадар за состојбата на детето, водење на дневник во кој наставникот ќе ги наведува сите точки од секојдневните активности на детето, со што се овозможува полесно резимирање на придобивките од спроведената терапија.

Аутизмот кој најчесто почнува да се развива уште во детството продолжува во тек на целиот живот, но можеби во една помалку изразена форма и никако не треба да се поистовети со намален коефициент на интелигенција, иако не ретко се јавуваат и такви случаи. Постојат неколу истражувања во Велика Британија, кои говорат дека дури 12% од возрасните испитаници со аутизам дијагностициран во детството се снашле одлично во секојдневниот живот, 10% стекнале постојани пријателства и се во редовен работен однос, но им е потребна мала подршка од општеството, 19% се одликуваат со делумна независнот, но сепак живеат во склоп на семејствата, 46% бараат постојан надозр од специјалист, но сепак се карактеризираат со извесен степен на автономија, а 12% бараат интензивен лекарски надзор.

Овие проценти говорат дека сепак овие лица можат активно да се вклучат во секојдневието, а општеството им ја должи таа шанса.

Тековно оценет 2.7 од 3 посетители

  • Currently 2.666667/5 Stars.
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5

Tags:

Социјално вклучување

Обезбедување на работа

by admin 8/22/2009 6:03:00 AM

Статија која ја прочитав на интернет ми даде поттик да ја пренесам и овде. Се работи за значењето на вклучување на лицата со инвалидност во работното општество.

Еден од десет луѓе во светот имаат некој вид на инвалидност. Официјалната статистика е дека има околу 650 милиони лица со инвалидност во светот. Околу 470 милиони се во работни години. Иако многу од нив се успешно вработени и целосно интегрирани во општеството, сепак, овие лица често се соочуваат со сиромаштија и невработеност. 80 проценти од сите лица со инвалидност во светот живеат во рурални средини во земјите во развој и имаат ограничен или никаков пристап до услугите кои им се потребни.

Обезбедувањето на пристојна работа за лицата со инвалидност има и социјална и економска смисла. Сепак, тие искусуваат висока невработеност и пониска заработувачка од лицата без инвалидност. Тие се најчесто поврзани со ниски, послабо платени работи со мала социјална и правна сигурност. Тоа влијае на нивната самодоверба. Повеќето се обесхрабруваат и се повлекуваат. Но, има и поинаква слика. Лицата кои наоѓаат работа која е соодветна на нивните вештини, можности и интереси, даваат значителен придонес во работата.

Во денешното време на економска и политичка несигурност, заштитата на најранливите членови на општеството е од голема важност. За постигнувањето на целите за намалување на сиромаштијата, потребно е да се воведат значителни активности за промовирање на вработеност, рурален развој, намалување на сиромаштијата и пристојна работа за лицата со инвалидност. Придонесот од овие лица, исто така, ќе доведе до економски и социјални придобивки на земјите во светот.

 

Тековно оценет 4.5 од 4 посетители

  • Currently 4.5/5 Stars.
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5

Tags:

Социјално вклучување

Powered by BlogEngine.NET 1.3.1.0
Theme by Semos Multimedia

Календар

<<  February 2012  >>
MoTuWeThFrSaSu
303112345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728291234
567891011

Видете ги текстовите во голем календар

Автори

Страни

    Архива

    Клучни зборови

    Не прикажувај

      Download OPML file OPML